ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Се запали автобус кај преминот „Стража“ што сообраќал кон Охрид, нема повредени патници

Гостивар, 1. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Автобус што утринава сообраќал на релација Скопје-Охрид, се запалил на околу три километри од планинскиот превој „Стража“.

Во сообраќајната несреќа нема повредени патници, потврдија од Министерството за внатрешни работи (МВР) на Република Македонија.

– Денеска, во 11:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на околу три километри пред месноста „Стража“, настанал пожар во автобус кој се движел кон Кичево. На посоченото место веднаш се испратени полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар и екипа од гостиварската Територијална противпожарна единица. Нема повредени лица,наведуваат од МВР. (Крај)

извор: Телма/ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука