ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Повторно oдложено судското рочиште против адвокатот Менкиноски

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Поради здравствени проблеми на судијата Милчо Клишески кој го води предметот, денеска беше повторно одложено рочиштето од процесот што се води против адвокатот Тони Менкиноски.

И денеска отсуствуваа претставници на Министерството за внатрешни работи, од каде против него е покрената прекршочната пријава за поставувањето на знамето, како дело со кое е истакнато „знаме или грб кој не ги содржи обележјата утврдени со закон“.

– Несериозен однос од Судот, прво требаше да не известат дека судијата се разболел, дека нема да се одржи судењето. Второ, воопшто никој не се појавува на судењата од страната која го поднела обвинението… Сега е целта да се калкулира со овој предмет, да не се будат страстите кај Македонците бидејќи не знаат како да се справат во овој предмет. Од една страна сакаат да ме осудат, а според правото треба да донесат ослободителна пресуда бидејќи тој го што иницирал треба да се појави и да образложи. Во спротивно кадијата те тужи, кадијата те суди, рече Менкиноски.

Тој се товари дека го нарушил јавниот ред и мир кога на празникот Водици во Охрид, кај „Долна Порта“ го истакнал знамето, кое до 1994 година беше официјално на Република Македонија.

На претходното рочиште Менкиноски во одбраната го призна фактичкиот настан од 19-ти јануари оваа година, но дека не се чувствува виновен, бидејќи како што рече деке нема прекршено ни еден закон, меѓуароден договор или било каков билатерален договор со истакнување на македонското знаме од Кутлеш. Менкиноски има уште една пријава за истакнување на „Сонцето од Кутлеш“, во знак на поддршка за осудените за 27-ми април.

Тој побара за следното рочиште четири лица од СВР Охрид да бидат повикани и да образложат како е нарушен јавниот ред и мир врз основа на која законска или подзаконска норма се повикуваат на барањето за поведувањ прекршочна постапка.

Менкиноски притоа додаде дека околку во судницата не се појават претставници од СВР Охрид, тој ќе побара ослободителна пресуда.

Денеска, и на сите досегашни рочишта со развиорени знамиња, скандирања и пеење патриотски песни, група граѓани од Охрид, беа пред Основниот Суд во Охрид да му дадат поддршка на Менкиноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука