Економија Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

И денеска Охрид повеќе од половина час без струја

Охрид, 26. септември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Откако вчера, во неколку наврати поради невремето проследено со силни врнежи од дожд имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија, Охрид и денеска повеќе од половина час беше без струја.

До овој момент нема потврдени информации за причините кои доведоа до истото и дали станува збор за некое оштетување на системот по вчерашното невреме.

Снабдувањето со електрична енергија се нормализираше нешто по 12:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука