Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Охрид и годинава достојно го одбележува 11-ти Октомври, Денот на народното востание

Охрид, 11. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Општина Охрид и ОО на Сојуз на борци на Охрид и Дебрца и годинава со пригодни свечености го одбележуваат 11-ти Октомври, Денот на народното востание.

Во големата општинска сала вчера се одржа свечена седница на која се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и претставник на Општинската организација на Сојузот на борците на Охрид и Дебрца.

Денеска ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-обележјата од НОБ во Градскиот парк, пред зградата на Основен суд Охрид, СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и кај Градските гробишта. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука