Здравје Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Нови дијагностички тестови на молекуларно ниво со RT-PCR технологија во ЦЈЗ Охрид

Охрид, 16. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Одделението за микробиологија при Центарот за јавно здравје (ЦЈЗ) од Охрид се опреми со најнова апаратура и целосно автоматизиран систем за молекуларна дијагностика.

Во истиот се интегрирани екстракција на нуклеински киселини ДНК и РНК, PCR амплификација во реално време и интерпретација на резултатите.

– Со водедување на молекуларната дијагностика им овозможуваме на нашите корисници да добијат брзи и точни резултати за анализите – Скрининг на присуство на високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ скрининг), одредување на поединечни генотипови-генитипизација, на 14 високо ризични типови на хуман папилома вирус (ХПВ), кои се застапени на подрачјето на Балканот и докажување присуство на Chlamydia trachomatis во гинеколошки, цервикални брисеви кај трудници или со редовни прегледи. Стручно, одговорно и професионално во служба на Вашето здравје, порачуваат од охридскиот Центар за јавно здравје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука