Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Булеварот „Железничка“ и понатаму останува опасна точка за возачите и пешаците

Охрид, 19. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата за булеварот „Железничка“ кој и понатаму останува опасна точка за возачите и пешаците, изминативе денови е помеѓу најкоментираните на Facebook профилот на OhridPress.

Иако се третира како заобиколница, овој патен правец сепак поминува низ густо населен дел од градот, со куќи кои се буквално на самата улица и бројни излези на двете страни, кружен тек и семафори на раскрсницата со улицата „Кленоец“. Булеварот „Железничка“ со години важи за една од градските сообраќајници каде често се случуваат незгоди, кои често имаат и посериозни последици и повредени лица. Жителите од овој дел од градот со право стравуваат за својата безбедност и во повеќе наврати апелираат до одговорните и особено до возачите да се почитуваат правилата, посебно во делот на ограничување на брзината. Тие апелираат до полицијата да биде повеќе присутна во овој дел на градот, затоа што нивното присуство превентивно делува на возачите.


Читателите на OhridPress бараат да се изнајде итно решение. Во еден од коментарите, претставник на оваа урбана заедница информира дека поднесле барање до Министерстото за транспорт и врски за поставување на лежечки полицајци пред пешачките премини. Им било одговорено дека станува збор за регионален пат (заобиколница) и дека не можат да ги постават, и им било објаснето дека за да се направи истото, Општина Охрид треба да достави официјално барање за намалување на категоријата на патот од регионален во локален. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука