Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Ванделт за DW: Германските инвестиции ќе продолжат да растат, Костал во Охрид вработува 1.000, ODW Elektrik 970 лица

Скопје/Охрид, 23. откомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Македонија има голем потенцијал за економски развој и сметам дека сега е моментот кога треба да се позиционира како пазар, вели во интервју за DW директорката на германската стопанска комора, Антје Ванделт.

– Кога ја стартуваше својата инвестиција во Охрид, планот на Костал беше да се вработат максимално 800, за сега да се вработени 1.000 лица, а со отпочнувањето на нов проект ќе отвори уште 250 нови работни места. Германската ODW Elektrik, исто така во Охрид, својата првична инвестиција ја започна со 10 работни места, а во моментов вработува 970 лица. Откога започна војната во Украина, ODW во Охрид презеде голем дел од производството и за тие потреби за кратко време отвори уште 300 работни места. Со тоа инвестиција на ODW се зголеми за 3 милиони евра, вели Ванделт.

Таа нагласува дека, „целта на овој настан е Западен Балкан уште поинтензивно да го позиционираме како пазар за инвестирање, но и да ги поврземе компаниите добавувачи од Македонија и регионот со компании купувачи од Германија, други држави на ЕУ и регионот“.

– Оваа година очекуваме повеќе од 250 Б2Б состаноци. Оваа година на SUBEX интензивно ќе се дискутира на теми кои се стратегиски предизвици како редефинирање на синџирите на снабдување, nearshoring, дигитална трансформација и одржлив развој во стопанството, потенцира Ванделт во разговорот за DW. (Крај)

извор: DW фото: DW

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука