Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

„Гимназијалците“ најдобри на општинските натпревари во одбојка во машка и женска конкуренцијa

Охрид, 25. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Во спортската сала при ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ во Охрид денеска се одржаа општинските натпревари во одбојка во машка и женска конкуренција.

– Во конкуренција беа 3 екипи во машка и 2 во женска конкуренција. Во првиот натпревар во машка конкуренција помеѓу ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ и ОСУ „Св. Климент Охридски“ после изгубениот прв сет, „Гимназијалците“ се реорганизираа и го добија натпреварот со 1:2 во сетови (26:24, 16:25 и 10:15) со што се пласираа во финалниот натпревар против СОСУ „Св. Кирил и Методиј“. Вториот натпревар беше финале во женска конкуренција помеѓу екипите на СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ и ОСУ „Св. Климент Охридски“ во кој „Гимназијалките“ со 1:2 во сетови ги совладаа „Економистките“ (20:25, 25:19 и 8:15). Третиот натпревар беше финале во машка конкуренција помеѓу „Економско“ и „Гимназија“ во кој „Гимназијалците“ заслужено победија со 0:2 во сетови (12:25 и 17:25). Гимназиските екипи ги продолжуваат натпреварите во зонска конкуренција, информира професорот Наум Јамандиев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука