Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Бојан Велевски ја продолжува Стенд-ап турнејата „Све ли ја да мислам?!“, на 11-ти ноември настапува во Охрид

Охрид, 1. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Актерот Бојан Велевски ја продолжува промоцијата за неговата Стенд-ап турнеја низ 10 градови во Република Македонија, насловена како „Све ли ја да мислам?!“.

Следна станица е Охрид, каде екипата доаѓа во сабота на 11-ти ноември 2023 година во Центарот за култура „Григор Прличев“.

– Билетите се продаваат во во А2 Тобако и Ирски паб „Даблин“, објави популарниот Божидар Божиновски (Моџо), кој ги потпишува текстовите за „Све ли ја да мислам?!“.

– Инспирација има насекаде околу нас, дури и во поголеми количини отколку што можат да се опфатат во час и нешто стенд-ап. Има за до пензија инспирација стенда-пи да се пишуваат и после на децата да остане ко дуќанче. Со години чекам денови каде што ќе нема инспирација и ќе треба да се мисли на тапети или пердиња или со што и да се замараат оние што живеат во нормални општества. Опфатено е секојдневие, она што сме ние, она како сите ги гледаме другите и како другите нѐ гледаат нас, запознавање на природа и општество за повисоките одделенија, вели Божидар за инспирацијата за текстот за турнејата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука