Спорт

Парма со ново име во четвртата лига

Парма, 28. јули 2015 (ОХРИДПРЕС) – Италијанскиот клуб Парма, кој долги години беше дел од Серија А, а играше значајна улога и на европската сцена, по објавениот банкрот, ќе почне повторно да се натпреварува од четвртата лига под името Парма Калчо 1913, објави Фудбалската федерација на Италија.

Претседател на новиот проект е Невио Скала, некогашниот истакнат тренер на клубот, кој со група бизнисмени, како и со поддршка од градоначалникот, ќе се обиде постепено да ја врати во италијанската фудбалска елита. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука