Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ учествуваа на Меѓународниот предизвик „Дабар 2023“

Охрид, 16. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, во периодот од 13-ти до 16-ти ноември 2023 година, учествуваа на Меѓународниот предизвик „Дабар 2023“.

Станува збор за натпревар наменет за учениците од средните училишта, кој има за цел да ја промовира информатиката и да може вистински да ги идентификува учениците кои имаат висок потенцијал. Истиот е исклучително популарен и се спроведува во повеќе држави.

– Сите учесници по е-меил ќе ги добијат резултатите и сертификатите за учество од натпреварувањето, кои ќе бидат достапни по завршувањето на натпреварот. Ментори на овој настан се професорите од нашето училиште: м-р Сања Јованоска, Александра Настоска- Николоска, Јулијана Петреска и Гоце Ѓорѓиевски, информираат од од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука