Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

ФТУ Охрид склучи договор за соработка со Центарот за истражување при Технолошкиот универзитет во Далијан, Кина

Охрид, 17. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Центарот за истражување при Технолошкиот универзитет во Далијан, Кина беше иницијатор за склучување договор за соработка во делот на високото образование и науката со Факултетот за туризам и угостителство (ФТУ) во Охрид.

– Иницијативата е резултат на долгогодишната соработка што Факултетот за туризам и угостителство ја започна со овој престижен универзитет, рангиран во топ 500 во светот, уште во 2016 година кога деканот проф. д-р Снежана Дичевска беше во работна посета на овој универзитет. Договорот што ќе се реализира во соработка со Центарот за научно истражувачка работа при ФТУ Охрид во наредните пет години, предвидува академска размена, тренинзи и обуки и научно истражувачка соработка и активности, информираат од ФТУ Охрид.

Додаваат дека се предвидени низа заеднички научни истражувања во делот на дигиталното образование, дигиталната економија, меѓународна комуникација и соработка во делот на културата, во рамки на иницијатива „The Belt and Road Initiative“ и во други области. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука