Средба Бочварски-Бербери во Охрид за изградбата на третиот дел од Коридорот 8, Струга-граничен премин „Ќафасан“
Охрид, 24. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Министерот за транспорт и врски во Владата на Република Македонија Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и прставници на Конзерциумот на Бехтел и Енка, остварија средба во Охрид со Генералниот директор на патната управа на Република Албанија, Евис Бербери.
– Фокусот на оваа средба беше изградбата на дел од Коридорот 8, односно третиот сегмент Струга-граничен премин „Ќафасан“. Се разговараше за изнаоѓање на содветна траса за тунел кој треба да ги поврзува двете земји – Република Македонија и Република Албанија, информираат од ЈП за државни патишта. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |