ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Невремето повторно оштети делови од езерскиот кеј (Фото/Видео)

Охрид, 28. ноември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Невремето деновиве во Охрид, проследено со силен ветер и бранови го зголеми оштетувањето на делови од езерското шеталиште каде се извадени бекатон плочки, а откинати се и поголеми бетонски парчиња од кејот.

OhridPress на оваа тема пишуваше во два наврати, откако брановите и силниот ветер што го зафатија Охрид предизвикаа поголеми оштетувања.

Според она што можеше да се види денеска, оштетувања предизвикале и откинување на поголеми бетонски парчиња од кејот во езерото.

Истите се паднати во езерото, каде има бројни вакви парчиња бетон, фрлени или паднати поради временските неприлики низ годините. (Крај)

извор: ОхридПрес фото/видео: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука