Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започнуваат подготовките за годинешната Бадникова поворка

Охрид, 7. декември 2023 (ОХРИДПРЕС) – Започнуваат подготовките за веќе традиционалната Бадникова поворка во Охрид.

Стотици дечиња, пеејќи ја песната „Вечниот Бог“, низ охридските улици тие ќе ја најават радосната вест за Христовото раѓање.

– Како и секоја така и оваа година, очекуваме голема заинтересираност. Подготовките ќе се одржуваат секоја сабота, и тоа од 9-ти декември 2023 година, во спортската сала на ООУ „Христо Узунов“. Бадниковата поворка ќе се одржи на 6-ти јануари 2024 година, кога низ Охридските улици ќе се пее Вечниот Бог. За сите деца учесници предвидени се пригодни подароци, велат од организациониот одбор.

Организаторите посочуваат дека секој заинтересиран може да биде дел од ова торжествено движење. Идејата е да се воспостави традиција на православно празнување на Бадник, со пеење на православни црковни песни. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука