ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Науката потврди: Праисториската населба кај „Градиште“ во Охридско Езеро се градела од даб, бор и фоја, помалку црн и бел габер и јасен

Охрид, 11. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Луѓето што живееле кај „Градиште“ кај Охридското Езеро пред 6.384 односно 6.369 години користеле даб, бор и фоја, помалку црн и бел габер и јасен во изградбата на наколната населба во која живееле.

Точните години со 95 отсто гаранција ги потврдија дендрохронолошките анализи на дрвените колци од подводните истражувања на локалитетот Плоча – Мичов Град кај „Градиште“ во чија близина денес се наоѓа Музејот на вода. Подводните ископувања беа спроведени во 2018 и 2019 година, но било потребно доста време да се обработи материјалот кој е публикуван во sciencedirect.com, јави порталот умно.мк.

– Ова е прв пат кај нас да се користи дендрохронологија за датирање на праисториски локалитет, вели Андреј Мачковски, докторанд по археологија и дендрохронологија на Универзитетот во Берн, еден од коавторите и еден од двајцата автори-дописници на научниот труд објавен во стручното списание Dendrochonologia.

Трудот е во коавторство со 11 научници, а од Македонија се вклучени и археолозите Гоце Наумов, Бојан Танески и Валентина Тодороска.

Комплетната информација ОВДЕ. (Крај)

извор: umno.mk фото: umno.mk/М. Хоштетлер

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука