Забава Избор ТОП ВЕСТИ

Охриѓанецот Александар Јосифовски синоќа во Мелбурн настапи пред големиот концерт „50 години Бијело Дугме“

Мелбурн/Охрид, 28. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Талентираниот охридски музичар Александар Јосифовски синоќа имаше ретка можност и чест да настапи како предгрупа на големиот концерт „50 години Бијело Дугме“, кој се одржа во Мелбурн, Австралија.

– Беше голема чест да го отворам концертот  „50 години Бијело Дугме“. Да живее „Билело Дугме“, порача Александар, кој објави заедничка фотографија со легендарниот Горан Бреговиќ.

Во Мелбурн синоќа настапија Бреговиќ, заедно со Тифа и Ален Исламоќ, придружувани од оркестар од 11 членови, популарниот Wedding & Funeral Orchestra.

Поранешниот учесник на шоуто „Ѕвезда Гранда“, Александар Јосифовски неодамна го објави дуетот со колешката Белма Хусеинефендиќ, а песната за многумина беше големо изненадување. Дуетската нумера наречена „Воли ме ко себе“, како и видеото снимено во Охрид, наиде на лавина позитивни реакции. Тој го освои второто место на големото финале на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ во 2022 година. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Александар Јосифовски

 

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука