ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Фаќачот на крстот Никола Јакимоски го донираше телевизорот кој го доби на подарок

Охрид, 28. јануари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Навидум „обичната“ информација дека 29-годишниот Никола Јакимоски, во чии раце годинава заврши Светиот крст за празникот Богојавление Водици е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

– По повод празникот Богојавление Водици, фаќачот на крстот Никола Јакимоски, телевизорот (донација од „Зегин“) го подари на нашите дечиња, објавија од Школата за дечиња „Бон-Тон“.

Светиот крст годинава заврши во рацете токму на Никола Јакимоски, кој посака здравје, среќа и бериќет во текот на целата година.

– Скокам по крстот од својата 15-та година и како сите имав желба да го фатам. Оваа година среќата ме посака мене. Секогаш е тешко да се влезе во студените води, ама желбата е поголема од тешкотиите. Посакувам здравје, среќа, љубов, свадби, дечиња, напредок на сите полиња, рече Јакимоски.


Читателите на OhridPress, како и голем дел од охридската и македонската јавност му честитаат на среќниот фаќач на крстот, но дел се со став дека крстот се скршил при фаќањето и дека првично завршил во рацете на друго лице, за што се објавени и фотографии и видео материјали. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука