Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Лице од Охрид учествувало во сообраќајна незгода во Скопје во која се повредени две лица

Скопје/Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 12-ти февруари 2024 година, во 14:00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Ѓорче Петров“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа во која се повредени две лица.

– Незгодата се случила помеѓу патничко моторно возило марка „Цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 27-годишно лице од Охрид, патничко моторно возило „Форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 66-годишно лице од Скопје и патничко моторно возило „Цитроен“ со скопски регистарски ознаки, управувано лице од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се повредени две лица, констатирани во Градска општа болница „8-ми Септември“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука