Избор Македонија ТОП ВЕСТИ

Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи

Скопје, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во писмо до македонската влада, Комесарката за човекови права на Советот на Европа Дуња Мијатовиќ бара да се поништи амнестијата за Хашките случаи и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови.

Станува збор за четирите хашки случаи „Водство на ОНА“, „Липковска брана“, „Гробница Непроштено“ и „Мавровски работници“. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ во 2012 година со гласање за автентично толкување на Законот за амнестија од 2002 година одлучија да престане кривичното гонење на одговорните за четирите случаи, јави сдк.мк.

– Да се отповика автентичното толкување од 2012 година на Законот за амнестија од 2002 година и да се истражат досиејата кои што беа трансферирани од Хашкиот трибунал на домашните судови, се вели во препораките на Мијатовиќ во писмото до македонската влада од 15-ти јануари.

Таа додава дека без цврсто осудување на злосторствата од минатото не може да се гради мирно демократско општество. (Крај)

извор: сдк.мк фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука