Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Аеродромите во Охрид и Скопје во јануари опслужиле 243.244 патници и 1.931 летови

Скопје/Охрид, 13. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во јануари 2024 година, ТАВ Македонија, аеродромскиот оператор на двата македонски аеродромa, Меѓународниот Аеродром Скопје и Aеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид опслужи 243.244 патници и 1.931 летови.

– Бројот на опслужени патници во јануари ги надмина бројките од 2023 година за 47%, додека бројот на летови во јануари 2024 е за 38% поголем од јануари во 2023 година, информираат од ТАВ Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука