Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

СВР Охрид и РСБСП ја спроведоа едукативната кампања „Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“

Охрид, 15. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на вчерашниот ден, СВР Охрид и РСБСП ја реализираа превентивно-едукативната сообраќајна кампања „Ако возиш немој да пиеш, ако пиеш немој да возиш“.

– Притоа, полициски службеници од Отсекот за превенција, на неколку локации во градот, на возачите на моторни возила им поделија едукативни флаери со практични совети како потсетување за потребата од безбедно и внимателно управување со моторните возила и почитување на сообраќајната сигнализација, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука