Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Рустеми: Се бара странски експерт да даде решение за проблемот со свлечиштата на автопатот Кичево-Охрид

Скопје/Охрид, 15. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Се бара странски експерт кој ќе превземе одговорност и ќе даде решение како да се реши проблемот со свлечиштата. Се бара за секоја од петте подделници да се преговара посебно со посебни рокови, истакна директорот на јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, во емисијата „Аргумент Плус“ на Тв24.

Тој откри дека големо обештетување барале и бензинските пумпи кои се таму уште од времето на магистралниот пат и се чека решение од Бирото за проценки колкава ќе биде експропријацијата за нив.

Заедно со министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, Рустеми неодамна најави дека ќе се пролонгира рокот за иградба на автопатот Кичево-Охрид, поради свлечиштата кои се појавиле на трасата.

– Ова е типичен пример, како во нашата држава ние реализираме еден многу лош проект. Ова го кажуваат експертите, ова го кажува и извештајот од Државен завод за ревизија, ова го кажува и ФИДИК експертот со неговиот извештај. Затоа сме сите тука заедно, да ги гледаме сите овие проблеми што се појавуваат на изградба на овој автопат, рече Рустеми.

Тој посочи дека на првите две делници од автопатот до сега се појавиле 13 свлечишта од кои две се од понов датум. Како можно решение тој напомена дека е потребно во наредниов период ЈП за државни патишта, треба да избере и најде технички решенија. (Крај)

извор: ОхридПрес/Тв24 фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука