Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

МВР со официјално соопштение за опожареното возило на Шумска полиција Охрид

Охрид, 18. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 17-ти февруари 2024 година, во 05:48 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Димитар Влахов“ настанал пожар во патничко возило марка „Дачија дастер“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Шумска полиција Охрид.

– Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Охрид, извршен е увид, а повредени лица нема, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука