Избор ОБРАЗОВАНИЕ ТОП ВЕСТИ

Од март продолжуваат работилниците од Мрежата за искуствено учење во НП „Галичица“

Охрид, 21. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Од следниот месец започнуваат повторно работилниците во рамки на Мрежата за искуствено учење во НП „Галичица“.

Мрежата за искуствено учење (МИУ) е заедница на научно-едукативни установи профилирани во области на природните науки која осмислува и спроведува искуствени воннаставни активности за совладување научни концепти и проблеми за учениците од основното и средно образование во Република Македонија.

– Нудиме работилници: „Млади истражувачи“, „Млади ренџери“, „Еко-амбасадори“. Овој пат имаме надополнување, Мрежата за искуствено учење ги проширува аспектите со компонентата загадување, пред сѐ на воздухот и како истото влијае на развојот и опстанокот на живиот свет и човекот, информираат од НП „Галичица“.

Оттаму ги повикуваат наставниците и професорите да резервираат термин на официјалната страна на Мрежата за искуствено учење https://miu.mk/ и со учениците да го посетат паркот. Подетални информации може да се добијат кај Ангела Тасеска, задолжена за еколошка едукација (taseska_angela@yahoo.com).

И оваа година Мрежата за искуствено учење ги покрива патните трошоци на училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука