Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Сообраќајна незгода на улицата „7-ми Ноември“, повредени две малолетни лица

Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви декември 2024 година, во 15:00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „7-ми Ноември“ во Охрид, патничко возило марка „Југо“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 55-годишно лице од Охрид, удрило во двајца малолетни пешаци.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил еден од малолетниците, констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука