Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Малолетничка повредена во сообраќајка на улицата „Јане Сандански“

Охрид, 22. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – На 21-ви декември 2024 година, во 13:15 часот во СВР Охрид било пријавено дека на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, патничко возило марка „Фолксваген туран“ со охридски регистарски ознаки, управувано од страна на 36-годишно лице од Охрид, удрило во малолетен пешак.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука