Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Oхриѓани за потребатa, изгледот и особено за локациите на кои се поставуваат типизираните куќарки во центарот на градот

Охрид, 27. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Навидум обичната, техничка вест за отстранување на типизираните куќарки од Градскиот плоштад, предизвика бројни коментари кај охриѓани за нивната потреба, изгледот и особено за локациите на кои се поставуваат. Веста е помеѓу најкоментираните деновиве на Facebook профилот на OhridPress.

Истите беа поставени за време на новогодишните празници и се користеа како привремени објекти во кои се продаваа прехранбени производи. За нивно нормално функционирање беа обезбедени и соодветни услови за безбедно работење, како довод на електрична енергија и поврзување со водоводната мрежа.

Читателите на OhridPress во најголем дел од коментарите се со став дека станува збор за несоодветни објекти, во кои тешко се одржува хигиената и на кои не им е местото во строгиот центар на градот. Велат дека има доволно дуќани од цврста градба, а давањето на вакви објекти под наем само за неколку месеци представува нелојална конкуренција за сите трговци и угостители од Охрид кои работат 12 месеци и придонесуваат за градот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука