Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Земјотрес од 3,1 степени по Рихтер во Албанија, почувствуван во југозападниот дел од Македонија

Скопје/Охрид, 28. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа, во 23:37 часот регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 128 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

– Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Дебар и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, информираат од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука