Избор Охрид ТОП ВЕСТИ

Започна па застана санацијата на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид

Охрид, 29. февруари 2024 (ОХРИДПРЕС) – Откако кон крајот на јануари започна санацијата на сидриштето „Билјанини извори“ во каналот „Студенчишта“, конкретно кај Центарот за обука на вода во Охрид, истата како да стагнира.

Отстранети се дрвените делови од патеката кон каналот која беше во многу лоша состојба и скоро беше урната. Од она што може да се види на терен, започната е и санацијата на една од пристапните патеки.

Неодамна објавивме дека Министерството за одбрана, сектор за логистика склучи договор за реконструкција на сидриштето „Билјанини извори“ во Охрид, со друштвото за промет и услуги „ЕМ груп електрометал“, друштво со ограничена одговорност увоз извоз од Скопје. Вредноста на договорот е 29.271.339 денари или 475,957 илјади евра.

Според точките во истиот предвидено е расчистување на теренот околу просторот и во каналот, негова адаптација за градежни работи и слично. Треба да се постават дрвени колови и дрвена платформа, парапетен бетонски ѕид покрај пешачката патека и друго. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука