Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Билтен на СВР Охрид: Нов случај на насилство во семејството, на кеј „Македонија“ физички нападнат охриѓанец…

Охрид, 3. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Полицискиот билен носи информации за уште еден, нов случај на насилство во семејството и физички напад на кеј „Македонија“ во Охрид.

– На 2-ри март 2024 година, во 21:15 часот на кеј „Македонија“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид приведоа две лица од Охрид, на возраст од 50 и 24 години, кои физички нападнале 38-годишен охриѓанец. По документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

– На 2-ри март 2024 година, во 13:00 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во семејниот дом во охридско село, сопругот физички ја нападнал сопругата и агресивно се однесувал кон другите членови на семејството. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука