ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Зголемени оштетувањата на пешачко-рекреативната патека кај каналот „Студенчишта“ (Фото)

Охрид, 23. октомври 2023 (ОХРИДПРЕС) – Како што веќе пишувавме во октомври минатата година, веќе подолг период наназад забележливи се оштетувања на пешачко-рекреативната патека кај каналот „Студенчишта“, кои сега се зголемени и зафаќаат се’ поголем дел.

Истите се највидливи на делот кој е обложен со камен, наменет за пешаците, и доколку не се санира, постои опасност да се прошират, со што и зафатите за санација ќе бидат поскапи и посложени.

Пешачко-рекреативната патека кај каналот „Студенчишта“ се градеше во текот на 2017 година. Има дрвен дел наменет за прикачување пловни објекти, камен пешачки дел со ширина од 4 метри, хортикултурно уредена зона, дел за велосипедисти со широчина од 2 метри, а се спојува и со уредениот помал канал, кој се протега паралелно со поголемиот. Патеката е долга 600 метри, а за нејзината изградба од Локалната самоуправа беа издвоени 20.000.000 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука