ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Жена се здоби со тешки повреди по пад од трет кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“, приведени две лица од Охрид поврзани со настанот

Охрид, 8. март 2024 (ОХРИДОПРЕС) – Денеска, во 11:10 часот, во СВР Охрид е пријавено дека од трети кат на зграда на улицата „Карпош Војвода“ во Охрид, паднала жена која потоа со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

– Во врска со настанот, во 11:45 часот, на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, лишени се од слобода две лица на возраст од 32 и 21 година, двајцата од Охрид. На местото на настанот, увид вршат Јавен обвинител и полициски екипи и се преземаат мери за целосно расветлување на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука