Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Д-р. Стурлакова Коровешоска: Зголемен е интересот за вакцинација против пертусис, апелираме таа да продолжи

Охрид, 11. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во Охрид и натаму е стабилна состојбата и нема деца заболени од голема кашлица, потврдија денеска за Супер радио и OhridPress од охридскиот Центар за јавно здравје.

Специјалист епидемиолог д-р Јованка Стурлакова Коровешоска вели дека, иако и претходно имало висок процент на вакцинирани, зголемен е одзивот за вакцинација, најмногу за ревакцинација, по најавите дека ќе има инспекции во градинките. Потенцира дека вакцината заштитува и апелира до родителите да размислуваат зрело и да ги вакцинираат своите деца.

– Ревакцинацијата е најголем проблем, на 18 месеци, бидејќи во тој период се прима и МРП вакцина и родителите се плашат од МРП и не ги носат децата да примат Ди Те Пер. Вакцинаат заштитува и е најефикасна од сите медицински интервенции. Мора да се создаде колективен имунитет, апел до родителите да размислуваат зрело, истакна д-р Стурлакова Коровешоска.

Инаку од денес стапи на сила одлуката на Министерството за здравство, делумно или невакцинираните деца со Ди Те Пер против голема кашлица, да не бидат примени во градинките низ државата, а Државниот санитарен и здравствен инспекторат да спроведува вонредни контроли, со цел да се спречи ширењето на ова заразно заболување.

Во објектите на детската градинка „Јасна Ристеска“ во Охрид нема дечиња заболени од пертусис или голема кашлица. Директорката Ирина Милеска во изјава за Супер радио и OhridPress истакна дека состојбата е стабилна, а 20-на деца периодов треба да одат на закажаниот термин за вакцинација. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука