ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Костадиновска Стојчевска: Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба

Охрид, 14. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Спомен плочата во Охрид ќе биде вратена во првобитната состојба, изречена е мерка наредба од страна на инспекцијата при Министерство за култура, објави на нејзиниот профил на Facebook министерката за култура во Владата на Република Македонија Бисера Костадиновска Стојчевска.

– Инспекторите за култура извршија вонреден инспекциски надзор по повод отстранувањето на спомен-обележјето на осудени лица од фашистичкиот окупатор во 1941 година, при што се констатирани прекршоци и на сторителите им се изречени законски глоби, согласно одредбите од Законот за меморијалните споменици и спомен-обележјата, информира министерката Костадиновска Стојчевска.

Додава дека дополнително бил извршен и инспекциски надзор во Општина Струга за поставувањето на спомен-плоча за основно училиште „Битолски конгрес“ во 1941 година и за градоначалникот, кој е надлежен за истата била изречена законски утврдена глоба.

– Заштитата на културното наследство мора да е приоритет на сите и грижата да биде заедничка, и на централно и на локално ниво. Апелирам на поголема совесност од секој поединец кон културните и историски споменици, во спротивно негрижата и дејствијата во насока на нивно уништување ќе бидат соодветно казнети, потенцирира Костадиновска Стојчевска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука