Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Интердисциплинарна студентска конференција викендов во Охрид

Охрид, 15. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’ (УСС УКИМ) од денес до недела во Охрид организира интердисциплинарна студентска конференција со работилници и предавања во разни области.

Според објавената агенда, конференцијата започнува денес со работилници на теми како финансиска едукација, аспекти на урбано планирање, музикотерапија, јавно говорење, унапредување на кариерни вештини. Вечерва ќе се одржи гала вечер со студентите.

Конференциската агенда продолжува утре со две панел дискусии – „Потрага по повисоките вредности во современиот свет“, „The New AI World“. По дискусиите ќе има диско забава.

Конференцијата завршува во недела, 17-ти март. Настанот се одржува во ресортот „Метропол“ и Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: Радио МОФ фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука