Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Голем пожар во куќа во охридската населба „Кошишта“ (Видео)

Охрид, 18. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Голем пожар избил ноќеска во куќа во охридската населба „Кошишта“.

Неофицијално, во пожарот е причинета поголема материјална штета. За пожарот во 00:35 часот била информирана Територијалната противпожарна единица од Охрид, од каде веднаш биле испратени четири противпожарни возила и седуммина пожарникари. Благодарение на навремената интервенција спречено е проширување на пламенот од опожарената куќа на останатите објекти во близина.

 

Голем пожар на улица Гоце Делчев во 1 часот , гори Куќа а во опасност да бидат опожарени се соседните куќи .

Posted by OHRID VEST on Sunday, March 17, 2024

Освен настанатата материјална штета нема повредени лицa во пожарот. Причините за избувнувањето на пожарот треба да ги утврди истрагата. (Крај)

извор: OhridVest видео: OhridVest

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука