Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученичката Лана Трпкоска од ООУ „Св. Климент Охридски“ го освои првото место на регионалниот натпревар по географија

Охрид, 19. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученичката Лана Трпкоска од ООУ „Св. Климент Охридски“ од Охрид го освои првото место на регионалниот натпревар по географија.

– Климентовци – гордост. На регионалниот натпревар по географија, кој се одржа на 16-ти март 2024 година, нашата ученичка Лана Трпкоска од 8 одделение, под менторство на наставничката Нине Симоновска, го освои првото место, информираат од ООУ „Св. Климент Охридски“, од каде и’ го честитаат освоеното место и посакува успех и постигнувања и на државниот натпревар. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука