ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Лани Охрид добил 11 нови магистри на науки

Охрид, 25. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во текот на минатата година од охридските високообразовни установи излегле вкупно 11 магистри.

Според податоците на Државниот завод за статистика, на Факултетот за туризам и угостителство, како членка на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола, со звање магистер се здобиле четири кандидати, сите за областа патување, туризам и слободни активности. Од нив двајца се на возраст до 29 години и уште двајца над 40 години.

Од Универзитетот за информатички науки и технологии „Св.Апостол Павле“ излегле седум магистри. Од нив 5 за дизајн и администрација на бази на податоци и мрежи, а двајца за развој и анализа на софтвер и апликации. Сите магистри се на возраст до 29 години.

Од вкупниот број магистри, според половата структура шест се од женски пол.

На државно ниво во 2023 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.828 лица, од кои 1.624 се магистри. Најголем број од магистерските трудови, 624 се од областа на бизнисот, администрацијата и правото.

Најголем број магистратури биле одбранети на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, таму лани магистрирале 715 лица.

Од Универзитетот „Св.Климент Охридски“ во Битола во 2023 година излегле 68 магистри, од нив најголем дел, 26, од Правниот факултет во Кичево.

Статистиката покажува дека од 1.624 нови магистри, за 687 непознато е каде работат, 215 се невработени, а 133 се странски државјани. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука