Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ со забележителни резултати на регионалниот натпревар по математика

Охрид, 29. март 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученици од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид постигнаа забележителни резултати на регионалниот натпревар по математика.

– Честитки на нашите шампиони. Нашите ученици на годинешниот регионален натпревар по математика прославија голем успех со своите забележителни резултати. Извонредниот успех нашите ученици и ментори уште еднаш го испишаа со златни букви во математичката историја на нашето училиште. Им благодариме на сите ученици и ментори за нивната неизмерна посветеност и труд. Се гордееме со сите вас, порачуваат од училиштето. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука