Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

ЈП за државни патишта: Се рехабилитира државниот пат Р1301, делница Охрид-Св. Наум во должина од 24,3 километри (Фото)

Охрид, 2. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Како што Супер радио и OhridPress веќе пишуваа, во тек е рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, на делницата Охрид-Свети Наум.

– Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија. Препознавајќи ја важноста на оваа делница издвоени се средства и преземени се активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24,3 километри, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Додаваат дека изведувачот на работите „Илинден“ од Струга, заедно со надзорот на работите, Институт за патишта Велес веќе работат и изведуваат градежни активности.

– Се чисти трасата, се изведува крпење и асфалтирање на дупки, се подготвува асфалтирање на одреднеи секции на трасата и слично. Вредноста на оваа инвестиција е 707.390.772 денари, средства обезбедени од буџетот на претпријатието, потенцираат од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука