Економија ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Охрид ТОП ВЕСТИ

Се зборува на Facebook: Продолжува реконструкцијата на регионалниот пат Охрид-Св. Наум

Охрид, 3. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Информацијата дека е во тек рехабилитација и поправка на државен пат Р1301, на делницата Охрид-Свети Наум е помеѓу најкоментираните на нашиот Facebook профилот на OhridPress.

– Делницата Охрид-Свети Наум со децении не беше рехабилитирана иако е еден важен крак од аспект на туризмот, но и крак кој не поврзува со соседна Република Албанија. Препознавајќи ја важноста на оваа делница издвоени се средства и преземени се активности за поправка и рехабилитација на државниот пат Р1301 во должина од 24,3 километри, информираат од Јавното претпријатие за државни патишта.

Додаваат дека изведувачот на работите „Илинден“ од Струга, заедно со надзорот на работите, Институт за патишта Велес веќе работат и изведуваат градежни активности.

– Се чисти трасата, се изведува крпење и асфалтирање на дупки, се подготвува асфалтирање на одреднеи секции на трасата и слично. Вредноста на оваа инвестиција е 707.390.772 денари, средства обезбедени од буџетот на претпријатието, потенцираат од Јавното претпријатие за државни патишта на Република Македонија.


Читателите на OhridPress бараат итно да се среди овој патен правец и потсетуваат на бројните ветувања, стари и повеќе од десет години за проширување на оваа делница. Овој патен правец е во исклучително лоша состојба и е едно од главните барања на граѓаните за проширување и средување на истиот за да може нормално да се одвива сообраќајот. Води кон селата на овој дел од регионот, манастирот „Св. Наум“, но и кон граничниот премин со соседна Албанија, што го прави особено важен, но и фреквентен, особено во текот на летните месеци. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука