Охрид, 11. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Во сабота, на 13-ти април 2024 година, со почеток од 15:00 часот, на Градскиoт плоштад во Охрид, охриѓани ќе имаат можност да остварат средба со претседателската кандидатка од Левица, проф. д-р Билјана Ванковска.
– Граѓаните ќе имаат можност непосредно да комуницираат, да се запознаат и лично да разговараат за програмските определби на претседателската кандидатка на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, порачуваат од партијата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
Прочитано: 45