Избор Охрид Спорт ТОП ВЕСТИ

Стартува Првата и Младинската бокс лига на Македонија, охридските боксери се натпреваруваат во четири категории

Скопје/Охрид, 13. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Денеска во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи првото коло на Првата и Младинската бокс лига на Република Македонија.

Мерењето е од 09:00 до 10:00 часот, а борбите започнуваат во 14:00 часот. Актуелни прваци се „Универзалци“ и „Фамилија Демирови“ во Првата и Младинската бокс лига. „Универзалци“ триумфираа во Првата лига пред „Синди“ и „Пелистерски јунак“. Тоа е нивна втора титула, откако лани за прв пат станаа прваци на Македонија. „Фамилија Демирови“ доминираа во Младинска лига, „Ас“ го освои второто место, а „Алексо Огненовски“ од Охрид третото. Годинава треба да очекуваме интресни борби со повеќе аспиранти за титулата, информираат организаторите.

Од охридските боксери, во категоријата јуниори до 63 килограми, со боксерот Иле Маневски од Штип ќе се бори нашиот Димитар Ѓорески од клубот „Алексо Огненовски“ од Охрид. Во истата категорија, до 46 килограми, Христијан Стојаноски од Охрид ќе се натпреварува во Илија Ѓорѓиев од клубот „Пелистерски јунак“. Во категоријата младинци до 80 килограми, охриѓанецот Наум Стојаноски ќе се бори со Христијан Арсовски од клубот „Пелистерски јунак“. Аврамовски Михаил од охридскиот клуб ќе боксува со Алишан Рустемовски од клубот „Пелистерски јунак“ во категоријата кадети до 40 килограми. (Крај)

извор: ipon.mk фото: ipon.mk

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука