Избор Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 14. литри дожд на м2

Охрид, 18. април 2024 (ОХРИДПРЕС) – Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија (УХМР), изминатото деноноќие во Охрид наврнаа 14. литри дожд на м2.

– Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Виница, 32 литри на метар квадратен, во Берово 25, Лазарополе 19, Радовиш 16, Штип 15, Охрид 14, а девет литри во Скопје, информираат од УХМР.

Во Охрид денес се очекува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен југозападен ветер. Максималната температура ќе се искачи до 14. степени.

– Под влијание на серија на влажни бранови до почетокот на следната седмица времето ќе биде променливо облачно наместа со повремени врнежи од дожд. Утре пообилни врнежи се очекуваат во јужните делови, а во недела на повеќе места. Поради спуштање на постудена воздушна маса на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и на повисоките планини ќе се формира нова снежна покривка, информираат од УХМР. (Крај)

извор: УХМР фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука