Економија Забава ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Погледнете од вистинскиот агол: „Срцето на Охрид“ и оваа пролет плени со својата убавина

Охрид, 12. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Дрвото, чија крошна креира скоро идеална форма на срце се наоѓа на кеј „Македонија“ и беше еден од главните мотиви минатото лето да ја реализираме кампањата „Да го откриеме преубавиот Охрид“, односно „Со љубов од Охрид“.

За нас беше појдовна и дојдовна точка за „од срцето на Охрид да одиме до дел од најубавите локации во градот и околината – со љубов од Охрид“, но и да ги откриеме и темните страни, ѓубрето и се’ останато што неодговорни поединци меѓу нас го фрлаат токму на овие локации.

За таа цел ја искористивме оваа локација, пред која секој ден поминуваат огромен број луѓе, но само малкумина ја погледнале од вистинскиот агол.

И оваа кампања беше дело излезено од креативната работилница на Супер радио и Be 1 Digital Marketing, кои поставуваат нови стандарди во маркетингот и презентацијата на компаниите во регионот, државата и пошироко. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука