Здравје ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Шокаровски: Незаконски сум разрешен, нема фантомски пациенти, ниту пак е зголемена смертноста на Кардиохирургија

Скопје, 29. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Директорот на Кардиохирургија, д-р Мајран Шокаровски кој беше разрешен од страна на министерот за здравство во заминување Илир Демири, вели дека е незаконски разрешен и дека во нивната клиника нема фантомски пациенти.

Според него се работи за оркестрирана хајка од страна на Демири, а со тоа се прави лош импакт кон јавното здравство кое постојано е под притисок. Тој е дециден дека чинот е незаконски, а за фантомските пациенти на оваа клиника, за кои обвинија деновиве, вели дека се работи само за софтверска грешка, направена поради несоодветност на системот кои тие го користат и неговото комуницирање со „Мој термин“, јави vecer.press.

– За секој пациент има пишан документ, што е и единствена законска обврска. Токму од овие причини сметам дека моето разрешување е незаконски, бидејќи во мандатот на техничката влада не може ниту да се разрешува, ниту да се назначува. Ги повикувам релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, итно да реагираат, кажа денеска д-р Шокаровски на прес конференција.

Тој исто така вели дека дополнително, мнинистерот за здравство го разреши координаторот за развој на кардиоваскуларната хирургија при министерството Александра Ефтимова, истовремено ги разреши и го прекина договорот на координаторот за срцева трансплантација при министерството, Адријана Ѓеоргиев.

– Од тука се наметнува нашето прашање дали се работи за оркестриран напад против државната Кардиохирургија, а со тоа и напад врз јавното здравство. која е потребата на министерот во заминување да направи едно вакво тектонско пореметување на една успешна приказна. Кому тоа му одговара? – праша Шокаровски и дополнува дека во име на сите од клиниката кажа дека релевантните институции кои треба да се грижат за законитоста во оваа држава, и побара итно да реагираат.

Министерот Демири во образложението за разрешувањето кажа дека добил сериозни информации за зголемена смртност на Клиниката. Според него а Комисијата поднела извештај во кои немало познајачни отстапување, но дека добил податок дека 170 пациенти не биле регуларно внесени во „Мој термин“.

Според него, членовите на Комисијата кои се назначени од министерот да ја анализираат работата на Кардиохирургија и да ги толкуваат бројките за смртност се „доктори кои немаат никаков контакт со вакви пациенти, ниту практично искуство во кардиохирургијата“.

– Еден од членовите на Комисијата беше противкандидат за директор на Клиниката пред шест месеци. Постои наука во медицината која се вика медицинска статистика и таа е релевантна област која може и треба да ги даде процентите. Тоа што слушнавте од одредени медиуми е селективно и комплетно мешање на бројки и дијагнози, во временски периоди како што им одговарало, со цел да се прикажат се полоши резултати и посензионационалистички резултати. На пример во јули 2023 објавено е дека се оперирани 12 пациенти – податокот не е точен, оперирани се 22 пациенти. За август 2023, податокот е дека се 11, а оперирани се 14 пациенти, за октомври податокот е дека се 8, а оперирани се всушност 16 пациенти. Очигледно изворот на податоци ги довел до слобода и им дал погрешни бројки, а тие не се потрудиле да ја слушнат другата страна, објасни д-р Шокаровски и дополни дека не се зголемила смртноста на Клиниката откако тој ја предводи од раководната позиција.

Тој нагласи дека изминативе месеци има зголемување на тежината на комплексноста на пациентите за околу 20%.

– Напротив, постои тренд на намалување на смртноста. Последните пет месеци покажуваат дека смртноста е пониска од предвидената, односно од параметарот „Евроскор 2“, односно подобри сме од она што се очекува, потенцира Шокаровски.

За разрешување на директорот, според Демири, се крајно нарушените меѓучовечки односи во таа институција, но д-р Шокаровски и ова го дематираше и кажа дека на клиниката се работи стручно и професионално, па оттаму и односите се коректни.

Што се донесува за екс директорот на Кардиохирургијата, д-р Сашко Јовев, Шокаровски кажа дека тој ги има сите права како и останатите вработени и дека си редовно си оперира. (Крај)

извор: vecer.press/В.Ма. фото: сдк.мк

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука