Избор Охрид ТОП ВЕСТИ Хроника

Помал пожар на улицата „Даме Груев“

Охрид, 30. мај 2024 (ОХРИДПРЕС) – Рано утрово, нешто по 08:30 часот во охридската противпожарна единица беше пријавен пожар на улицата „Даме Груев“.

Според првичните информации станува збор за опожарен напонски ормар.

По интервенцијата на охридските пожарникари, на лице место излезе екипа на ЕВН која работи на санација на оштетувањата. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука