Избор ОБРАЗОВАНИЕ Охрид ТОП ВЕСТИ

Ученикот Цане Јанески од ООУ „Кочо Рацин“ освои второ место на државниот натпревар по хемија

Охрид, 3. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Ученикот Цане Јанески од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид, под менторство на професор Сузана Коческа, го освои второто место на државниот натпревар по хемија, кој се одржа на Институтот по хемија на Природно-математичкиот факултет.

– Ученикот прв пат се запозна со хемијата во осмо одделение, и пројави голема љубопитност и интерес. Менторот кој ја забележува љубовта и посветеноста на ученикот кон хемијата му даде дополнителна поддршка и насоки. Мотивираноста, постојаното напредување и усовршување на ученикот му овозможи да постигне високи резултати и да ја освои оваа награда. Честитки за успехот, потенцираат од ООУ „Кочо Рацин“ од Охрид. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука