ИЗБОР НА УРЕДНИКОТ Македонија Охрид ТОП ВЕСТИ

Прекрасна фотографија од Наце Попов Македонски од дел од патот Ресен-Охрид преку НП „Галичица“

Охрид, 11. јуни 2024 (ОХРИДПРЕС) – Фотографот Наце Попов Македонски објави прекрасна фотографија од дел од патот Ресен-Охрид, кој води преку НП „Галичица“.

Фотографијата е направена од дрон и ги прикажува карактеристичната „М“ кривина на овој патен правец од еден поинаков агол, но и преубавата Галичица во нејзиниот комплетен раскош.

За овој патен правец, преку Националниот парк „Галичица“ важи сезонски режим на сообраќај. Тој е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 15-ти ноември, па се’ до 1. април. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: Наце Попов Македонски

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука